Home » Во фокусот » Една од најемотивните Божиќни реклами оваа година за заборавените стари лица

Една од најемотивните Божиќни реклами оваа година за заборавените стари лица

„Тоа е само уште еден осамен ден“ во овај емотивен спот на хуманитарната организација Age U.K.

Додека сите се зафатени со славење на Божиќ, за некои овај ден е најосамениот во годината. Така е и за овај повозрасен човек во емотивното видео на добротворната организација Age U.K. за кога Божиќ е „само уште еден осамен ден“.

Рекламата, во режија на Филипе Андреа од Independent Films, а која ја осмисли агенцијата Drum, прикажува човек кој води осамен живот низ годините, набљудувајќи го семејството во соседството кое слави различни праници. Тој сам јаде, гледа телевизија и купува храна. Потоа слушаме и снимка од гласовната пошта, на која секако нема ниедна порака. Во еден ладен зимски ден, излегува да пазари до супермаркетот, но гледа дека е затворен и сфаќа дека е Божиќ.

Кампањата вклучува и OOH елемент, во на која минувачите ќе им бидат прикажани пораки со кои оваа добротворна организација ги повикува луѓето да донираат и да помогнат да се олесни проблемот на изолација заради кој речиси милион луѓе во Велика Британија на Божиќ се чувствуваат поосамени од било кога.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365