Франшизата на брендот за брза храна KFC од Хонг Конг и агенцијата Ogilvy Hong Kong ја имаа една од најнаградуваните принт кампањи минатата година, заменувајќи ги пламените јазици од различни фотографии со зачинето поховано пилешко месо. Кампањата, насловена “Hot & Spicy”, беше добитник на „златен лав“ на Cannes Lions и „дрвен молив“ на D&AD.
По повод премиерата на новата и последна сезона на Game of Thrones, брендот се одлучи да се наврати на оваа кампања и да го претвори змејскиот оган во вкусно поховано пилешко.
„KFC отсекогаш бил дел од културните трендови, па премиерата [на Game of Thrones] беше одлична можност да се потсетат луѓето дека најдобриот начин да се ужива во серијата е со една кофичка жешко и зачинето пилешко за споделување,“ истакна Ширли Чау, маркетинг директор на KFC Хонг Конг, по повод враќањето на кампањата.
View this post on Instagram
Во продолжение погледнете ги и оригиналните реклами од наградуваната кампања: