Home » Во фокусот » Една од најнаградуваните принт кампањи од минатата година се враќа во Game of Thrones верзија

Една од најнаградуваните принт кампањи од минатата година се враќа во Game of Thrones верзија

Франшизата на брендот за брза храна KFC од Хонг Конг и агенцијата Ogilvy Hong Kong ја имаа една од најнаградуваните принт кампањи минатата година, заменувајќи ги пламените јазици од различни фотографии со зачинето поховано пилешко месо. Кампањата, насловена “Hot & Spicy”, беше добитник на „златен лав“ на Cannes Lions и „дрвен молив“ на D&AD.

По повод премиерата на новата и последна сезона на Game of Thrones, брендот се одлучи да се наврати на оваа кампања и да го претвори змејскиот оган во вкусно поховано пилешко.

„KFC отсекогаш бил дел од културните трендови, па премиерата [на Game of Thrones] беше одлична можност да се потсетат луѓето дека најдобриот начин да се ужива во серијата е со една кофичка жешко и зачинето пилешко за споделување,“ истакна Ширли Чау, маркетинг директор на KFC Хонг Конг, по повод враќањето на кампањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KFC Hong Kong (@kfchk) on

Во продолжение погледнете ги и оригиналните реклами од наградуваната кампања:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365