Празничната сезона не е само сезона на радост, туку и на стрес, а постојаното повторување на популарните празнични џинглови може да не извади од такт
Секоја година, со доаѓањето на празниците, ги слушаме истите празнични песни, одново и одново. Но, наместо ширење радост, експертите и медиумите предупредуваат дека овие песни во голема мера можат да го зголемат стресот. За да помогне во борбата против негативните ефекти на повторувачките сезонски песни, компанијата Bowers & Wilkins ја направи “Sound SPA”- музика за која е научно докажано дека го намалува стресот.
“Sound SPA” е првата празнична песна која е уникатно дизајнирана за да им овозможи на луѓето да се релаксираат. Ја направија светски познатиот музички продуцент и експерт за звук, Маркус Бергквист и композиторот Џоел Данел, во соработка со научникот за стрес и меѓународно познат професор Торес Теорел.
“Sound SPA му дава на слушателот уникатно аудио искуство. Тоа е музичка патека која претставува совршена комбинација на научни истражувања и звук. Бидејќи автомобилите стануваат се` попаметни, со развојот на корисничкото искуство, звукот на автомобилот игра важна улога. Во иднина во која автомобилите нема да бидат само средство за транспорт, искуството на патниците ќе се развива уште повеќе, станувајќи место на работа, релаксација и игра. Ние веруваме дека нумерите како Sound SPA ќе бидат голем дел од ова искуство. Смирувачката мелодија и анти-стрес ефектот на Sound SPA се дополнително зајакнати со квалитетен аудио систем во автомобилот, каде што звукот го опкружува слушателот, пренесувајќи го на тивко место и приближувајќи му ја музиката”, изјави Георгина Ловгров, маркетинг директор во компанијата Bowers & Wilkins.
“Секој знае дека музиката може да разбуди цела низа на емоции. И кога ќе забележиме дека неколку научни извештаи покажуваат поврзаност помеѓу традиционалните божиќни песни и зголемениот стрес, помисливме дека ова е совршена можност да им помогнеме на луѓето да се релаксираат и да се смират пред празниците”, изјави Микаел Андерсон, креативец од агенцијата Stendahls.
Sound SPA можете да ја пронајдете на Spotify или iTunes.