Златарата Spicer Greene од Северна Каролина (САД) постави билборд каде скапоцени камења го опкружуваат слоганот “Понекогаш е ОК да фрлате со камења кон девојките“…и си ја фати бељата.
Се дигнаа локални организации на жени да организираат протести, почнаа да се појавуваат протесни ноти, на социјалните мрежи да се појавуваат повици да се отстрани билбордот. И така би…
Компанијата испрати соопштение до јавноста со кое негира дека сакале да “охрабрат насилство кон припадничките од понежниот пол“ и дека не им била намерата “да тривијализираат“ туку дека едноставно сакале да потикнат подарување скапоцености. Исто така дадоа ветување и дека ќе го заменат слоганот на билбордот.
Под овој текст, се појавија уште повеќе коментари на луѓе кои овој билборд го сметаат за ТОП, дека околината треба да има повеќе сенс за хумор во адвертајзингот….и дека жените кои се “бунтуваат“ против билбордот не заслужуваат (и нема никогаш да добијат) скапоцен камен :)
Што Вие мислите за целава ситуација?
Еве го билбордот