Агенцијата “Маркетинг Микс“ организира еднодневна работилница насловена како “Од идеја до реализација и промоција на нов производ“ која ќе се одржи на ден 24.04.2015 година (петок), во хотел Гардениа во Велес.
Целта на работилницата е компаниите кои секојдневно се соочуваат со огромна конкуренција, притисок за намалување на цените и постојано и брзо менување на вкусот, потребите и навиките на потрошувачите, да се стекнат со нови знаења и вештини во следниве области:
- Како да го анализирате пазарот и конкуренцијата уште во фазата кога размислувате да воведете некој нов производ или услуга?
- Како разумно и рационално да одлучите во кој сегмент и во која ценовна категорија да се позицинирате?
- Како да го брендирате вашиот нов производ/услуга?
- Што се треба да направите во тој важен процес?
- Совети и практични насоки како со ограничен буџет да спроведете ефикасна маркетинг кампања?
- Како да развиете и да спроведете успешна маркетинг стратегија на социјалните медиуми?
- Како да ги идентификувате Вашите потрошувачи/клиенти?
ПРЕДАВАЧИ:
Игор Андреев, доктор на економски науки, експерт за иновативен маркетинг, стратегиски менаџмент и истражувања на задоволството на клиентите. Бизнис-консултант и косопственик на Vision Consulting (http://visionco.mk/wp/), како прва консултантска фирма во Република Македонија, која на компаниите од приватниот сектор им обезбедува советодавни услуги при воспоставувањето идеа-менаџмент систем за структурирано генерирање, собирање и евалуација на нови идеи, добиени од вработените и клиентите. Vision Consulting е специјализирана и за реализација на проекти за истражување на задоволството на клиентите, како и за изработка на стратегиски документи за институциите од јавниот и приватниот сектор, а сопственик е и на брендот “Business Tools Academy (BTA)”, како уникатна програма за сертифицирани обуки; и
Верица Јорданова, новинар со 16 годишно искуство во областа на бизнис новинарство. Магистрант е на Институтот за комуникациски студии во областа на брендирање. Основач е и уредник на веб порталот www.inovativnost.mk.
Котизацијата за работилницата изнесува 3.000 денари (плус ДДВ)
Повеќе информации можат да се добијат на: 078 317 711 , 070 401 164 или contact@marketingmix.mk
(комерцијален текст)