Home » Компании » Едукативниот и забавен „Зелен караван“ ќе патува низ Македонија!

Едукативниот и забавен „Зелен караван“ ќе патува низ Македонија!

Повеќе од 2.200 дечиња од вкупно 19 градинки низ целата дражава, ќе се едуцираат, забавуваат и дружат благодарение на „Зелениот караван“ кој започнува од 26.04.2016год. и ќе трае се до почетокот на месец јуни.

„Зелениот караван“ во текот на следниве два месеци ќе ги посети дечињата во градинките и преку интерактивни, креативни програми ќе ги едуцира најмладите како да стекнат здрави навики поврзани со органската исхрана и како најдобро да се грижат за сопственото здравје.

zelen karavan 1

Покрај едукативните работилници во градинките, „Зелениот караван“ ќе ги анимира и сите присутни граѓани во околината на специјализираните продавници за органска храна ,,Healthy food” by Zegin во градовите каде ќе патува караванот.

“Зелениот караван“ ќе пристигне најпрвин во Велес (26 април, вторник) во 9.30 часот, а следниот ден (27 април, среда) со почетокот од 10.00 часот, продолжува во Пробиштип.

До почетокот на јуни, „Зелениот караван“ ќе помине уште низ следниве градови: Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Тетово, Скопје, Штип, Кочани, Берово, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Неготино.

Подгответе се за многу дружење, големи изненадувања од нашата зелена маскота и многу, многу забава.

„Зелениот караван“ е во организација на Маркетинг агенцијата „Маркетинг Микс“, а е поддржана од Компанијата „Зегин’.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365