Маркетинг365: Кои програми и теми за едукација, од областа на маркетингот и односите со јавност, ги понуди Вашата компанија во 2019 година ?
Аријана Коскарова: Creative Hub уште од почетокот на своето формирање нуди програми од област на маркетинг и односи со јавност. Причината за тоа е што токму јас како основач доаѓам од сектор маркетинг и за мене е многу лесно да направам програма за маркетинг кога тоа е она каде што имам најголема експертиза. Creative Hub нуди кратки курсеви во времетраење од 1 до 2 месеци во областа на дигитален маркетинг и 8 месечна Академија за маркетинг и ПР. Академијата е регистрирана во ЕК за неформално образование и сите студенти се стекнуваат со додаток на диплома каде се впишани ЕКТС кредитите кои ги добиваат, а тоа во иднина на голем број им помага при запишување на мастер или докторски студии во странство.
Маркетинг365: Каков е feedback-от од студентите. За што се тие најзаинтересирани да слушаат и научат кај Вас?
Аријана Коскарова: Учесниците на програмите кои според нашите податоци во најголем број се на годишна граница од 25 до 35 години се професионалци кои сакаат дополнително да се усовршат во својата кариера или пак да стекнат вештини и компетенции за нова. Според тоа 80 % од нив се одлучуваат за Академија за маркетинг и ПР поради целокупноста и функционалноста на програмата. Академијата започнува со предметот Истражување на пазар, потоа Копирајтинг на што додадовме и Adobe Photoshop, дигитален маркетинг од Google Ads, Fb Ads, Email Marketing, LinkedIn Ads, SEO со HTML,CSS и WordPress, ПР, Корпоративен и Кризен и завршува со Брендирање. Станува збор за една целосна програма и мислам дека тоа е она што најмногу ги привлекува.
Маркетинг365: Дали планирате да воведете некакви новитети во однос на маркетинг/ПР-related програмата што ќе ја нудите во 2020 година?
Аријана Коскарова: Ние секоја година ја менуваме програмата и редовно имаме состаноци со предавачите како и истражувања на студентите за нивниот фидбек од предавачите и програмата. Оваа година го зголемивме фондот на часови на дел од предметите, а воведовме и нови предмети како Фотошоп, HTML, CSS & WordPress токму поради фактот што за некој што учи Search Engine Optimization да биде во можност истото функционално да го примени потребно е да знае и основи на програмирање. Целта на Академијата е практична и функционална примена.
Маркетинг365: Што според Вас недостига во Македонија, а е поврзано со подобра подготовка на кадар кој успешно би се вклучил во комуникациската индустрија?
Аријана Коскарова: Конкретно за комуникациската индустрија пред неколку години и напишав колумна каде зборувам дека токму ни е потребна едукација најпрво бидејќи се соочуваме со неквалитетен кадар токму поради застареноста на програмите. Котлер од 1995 одамна не е во функција на маркетингот што го гледаме во 2019. Вториот чекор по едукацијата, секако е практична примена. Јас секогаш го поставувам истото прашање, како знаеш дека знаеш маркетинг? Истото треба да си го постави секој еден што сака да гради кариера во оваа индустрија.