Амазонската шума сé уште гори. Само во август, скоро 26,000 огнови дивееја во еден од најкомплексните и најразновидни еко-системи во светот. Ситуацијата е навистина загрижувачка.
Со цел да привлече што е можно поголемо јавно внимание кон проблемот, анонимна група на креативци направија видео со кое побараа од Џеф Безос, сопственикот и генерален директор на најголемата светска платформа за онлајн трговија Амазон, да ја купи Амазонската шума.
Видеото на анонимната група, која наводно е поврзана со „меѓународната аполитичка еколошка мрежа“ Extinction Rebellion, беше објавено преку NowThisNews. „Купи ја шумата која го даде името на твојата компанија и чувај ја за нас,“ е пораката која му беше испратена на Џеф Безос.
Anonymous Letter Asks CEO Jeff Bezos to Save the Amazon Rainforest
This anonymous letter is asking Amazon CEO Jeff Bezos to use his fortune to save the rainforest he named his company after
Gepostet von NowThis Politics am Donnerstag, 5. September 2019
Меѓутоа, од групата не се оптимисти дека милијардерот ќе ги послуша. „Џеф е лош филантроп кој богатството го гледа на поинаков начин и реално не веруваме дека ќе одговори. Ова е повеќе обид да се предизвика дискусија помеѓу другите луѓе за моќта и контролата и се надеваме дека тие ќе го гледаат светот на еден поинаков начин,“ изјавил еден од анонимните креативци за Adweek.