Американскиот бренд на спортски обувки Skechers ја емитуваше својата нова реклама по повод одигрувањето на американскиот Super Bowl, а главна ѕвезда на кампањата е познатиот рапер Снуп Дог.
Полуминутниот видеопспот го следи Снуп низ еден виорен ден додека покажува како обувките на Skechers се составен дел од секоја активност во неговиот ексцентричен живот.
Покрај Снуп Дог, во рекламата се појавуват и поранешните НФЛ играчи, а сега коментатори Хауи Лонг и Тони Ромо, како и блиската пријателка на Снуп – телевизиската личност Марта Стјуарт, со која познатиот рапер често го гледаме во заеднички рекламни спотови.
„Јас сум човек од народот. Возбуден сум што ќе соработувам со Skechers, кој секогаш носи по нешто за секого – исто како мене. Во оваа реклама се собравме со некои од моите пријатели, кои исто така имаат многу активен животен стил и сакаат да имаат стил, но и да се чувствуваат удобно во исто време, што ни го овозможува Skechers. Тие се обувки за сите патеки на животот“ – изјави Снуп Дог по повод новата кампања на Skechers.
Концептот позади кампањата “All Walks of Life” („Сите патеки на животот“) бил осмислен токму од познатиот рапер.