Британскиот синџир на пицерии Pizza Express лансираше програма за лојалност и нова рекламна кампањата која го води брендот во една нова насока под водство на новоименуваниот генерален маркетинг директор Шади Халивел.
Новата програма за лојалност, именувана “The Pizza Express Club” ќе им носи поени на потрошувачите со секој купен оброк од рестораните на Pizza Express.
Напоредно со неа е лансирана разиграна и забавна кампања предводена од комичарот Дејвид Мичел, ангажиран за партнерство на долг рок во однос на маркетинг активностите на брендот.
Првата реклама во новата кампања претставува колаж од хумористични, карикатурни и надреални ситуации на луѓе кои прават мали „престапи“, но и покрај тоа се наградуваат со поени во програмата за лојалност. Односно, таа е за сите потрошувачи – без исклучоци.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Truant London.