Ел Салвадор, првата држава во светот која го призна биткоинот како официјална валута, сега ќе гради цел нов град за „копање“ криптовалути.
Според планот објавен од страна на претседателот Најиб Букеле на настанот Bitcoin Week, новиот град ќе биде изграден во заливот Фонсека, помеѓу градовите La Unión и Conchagua. Градот ќе се вика – Bitcoin City.
Градот ќе биде изграден во форма на монета, со резиденцијален и комерцијален простор, аеродром, пристаниште и железница. Градот нема да има даноци на плата, приход, добивка или имот.
Главно занимање во новиот град ќе биде „копањето“ на криптовалути, што ќе биде овозможено со енергија добиена од геотермална централа кај ближниот вулкан.
Кога градот ќе започна со градби и кога ќе биде изграден – останува да видиме.
¡El Salvador será el primer país del mundo en tener una #BitcoinCity!
Estará entre la ciudad de La Unión y Conchagua. Las personas podrán vivir en La Unión pero trabajar en la #BitcoinCity. Pronto empezarán a ver todos los beneficios, cuando el desarrollo y la inversión llegue. pic.twitter.com/21bx7Yc5aJ— Casa Presidencial 🇸🇻 (@PresidenciaSV) November 21, 2021