Сопственикот на компаниите Space-X, Tesla и Neuralink, Илон Маск, неодамна повторно гостуваше на подкастот кај Џо Роган. Во двочасовниот разговор, Маск и Роган споделија мислења за најразлични теми – од состојбата со корона вирусот, до причините поради кои Маск го продава сиот свој приватен имот. Но, една од темите која предизвика најголемо внимание во јавноста беше развојот на вештачката интелигенција, поточно технологијата на која работи компанијата Neuralink, чиј ко-основач е Илон Маск.
Имено, според Маск, веќе во рок од една година, компанијата ќе има развиен чип со помош на кој ќе може да се прават „поправки“ на одредени делови од човековиот мозок, ефективно враќајки некое изгубено сетило или моторна способност. Веќе за 5-10 години пак, Маск предвидува дека луѓето ќе живеат во симбиоза со вештачката интелигенција и ќе може да разговараат невербално, читајќи си ги мислите едни на други.
Во продолжение можете да го погледнете делот од интервјуто посветен на оваа тема, додека пак целосното интервју можете да го проследите на следниот линк.