(21.08.2020) – Британската индустриска организација за промоција на кинематографијата Cinema First лансираше нова емоционална реклама во која се одбележува враќањето на филмските проекции на големото платно, по олабавувањето на карантинските мерки во државата.
Рекламата насловена „Love Cinema“ е создадена од страна на агенцијата Empire Design и претставува висококвалитетна монатажа со сцени од повеќе од 50 популарни филмски остварувања низ децениите, вклучувајќи ги The Wizard of Oz, Ben-Hur, Shawshank Redemption, Gladiator, Amélie, Harry Potter, Star Wars и многу други. Рекламата вклучува цени и од претстојни блокбастери во исчекување на филмските љубители.
Монтажата на сцени е проследена и одлично синхронизирана со песната This Little Light of Mine, истакнувајќи дека „светлината повторно ќе засвети“.
„Кампањата ‘#LoveCinema’ беше лансирана со цел да ја охрабри публиката да се врати во кината и повторно да се вљуби во неспоредливото искуство кое само големото платно може да го понуди,“ посочи Ијаин Џејкоб, претседател на Cinema First.
Рекламата доаѓа во време кога опстанокот на киното како медиум е доведено во прашање, како поради пандемијата, така и поради сé поголемата популарност и раст на стриминг сервисите кои го дуплираа бројот на корисници во изминатите неколку месеци.