Home » Во фокусот » Емотиконите и GIF-овите ни помагаат полесно да комуницираме

Емотиконите и GIF-овите ни помагаат полесно да комуницираме

Начинот на кој комуницираме во текот на годините многу се промени. Од првите слики во пештерите, преку хиероглифите и пиктограмите, па се до азбуката и видеата.

Но, се чини дека всушност направивме цел круг. Барем ако се суди според податоците од истражувањето кое го спроведе платформата за мобилно споделување на GIF-ови, Tenor.

Така дури 70% Американци избираат визуелни начини на изразување како што се емотикони, разни сликички или GIF-ови, кога се допишуваат со пријателите или користат мобини апликации за комуникација.

Имено, дури 77% испитаници веруваат дека со користењето на анимации, слики и други визуелни начини на изразување, можат полесно да ги изразат своите мисли и чувства.  Интересно, 69 % од луѓето се чувствуваат поврзано со другите луѓе со кои често се допишуваат и користат слики, покрај букви.

Освен тоа, треба да се истакне дека 59% од луѓето полесно ги изразуваат своите чувства кога користат слики и емотикони, отколку кога мора да ги изговорат, на пример во телефонски разговор.

Неверојатната промена спрема визуелната комуникација е  директен резултат на нашиот  мобилен начин на живот и се поважната улога на праќањето пораки, кои поттикнуваат масовно користење на паметни телефони ширум светот “, истакна директорот на Tenor, David McIntosh и додаде дека дури 90% од пребарувањата на GIF-ови се фокусира на прикажување емоции.

Тоа и не изненадува со оглед на тоа дека дури 65% од корисниците токму користат GIF-ови за да ја изразат својта индивидуалност или емоции, а повеќе од половина за да го направат разговорот позабавен.  Жените најчесто користат анимации и емотикони како би изразиле среќа, додека мажите ги користат како би ја разбиле напнатоста во разговорот.

Воопшто, жените се повеќе склони кон користење на емотикони и анимации за да ги изразат свите емоции и расположение во разговорите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365