Epica Awards ја додаде и категоријата “Gender Equity” кон останатите категории за креативност од јавен интерес – “Social”, “Environmental” и “Health&Safety” – за овогодишното издание на настанот. Пријавувањето е веќе отворено.
Воведувањето на новата категорија создава посебен простор за кампањи во било кој медиуми кои се однесуваат на правата, инклузивноста и еманципацијата на жените, на правата на LTGBQIA+ заедницата и позитивни акции поврзани со родовиот идентитет.
Категоријата е воведена по иницијатива на комуникацискиот директор на Epica, Катја Челпанова, која изјави: „Претходно ваквиот тип на кампањи потпаѓаа под нашата категорија “Social”, меѓутоа со растот на #MeToo движењето и во ек на загриженоста за пристапот кон прашањата за родова еднаквост и идентитет насекаде во светот, почувствував дека е потребно специфично да се нагласат овие прашања.“
“Gender Equity” е втората нова категорија воведена за овогодишното издание на Epica Awards, по “Creative Use of Data”, која што беше објавена порано годинава.
Конкурсот за пријавување на Epica Awards е отворен до 1 ноември, со “early bird” попуст до 31 август. Epica е единственото меѓународно креативно натпреварување жирирано од страна на новинари, што гарантира објективност за пријавените кампањи и медиумска покриеност за победниците. Epica Awards ги опфаќа адвертајзинг, дизајн, ПР и дигитал индустриите.