Викендов започнува новата фудбалска сезона во англиската Премиер лига, а по тој повод една од најстарите обложувалници во Британија, William Hill, лансираше рекламна кампања во која главна ѕвезда е фудбалската легенда Ерик Кантона.
„Кога станува збор за личниот карактер на фудбалските икони, малкумина во историјата можат да му се спротивстават на Кантона. Истакнувајќи се со уникатна комбинација на харизма, хумор и провокација, Ерик совршено одговара да ја предводи нашата нова кампања“ – вели Алексис Замбоглу, управен директор на William Hill за Обединетото Кралство и Ирска.
Обложувалницата за оваа кампања се одлучи на попровокативен пристап, предизвикувајќи ги фановите кои се радуваат, но и тажат за фудбалските резултати. Во еден момент, Кантона дури ги пие и солзите на губитниците! Фановите треба добро да размислат кој тим ќе го стават на нивното следно „ливче“. :)
„Почетокот на новата фудбалска сезона е огромен момент во спортскиот календар на земјата, со најголема побарувачка, живи надежи и соништа, како што навивачите и обложувачите почнуваат повторно да се внесуваат во најпопуларниот спорт во Обединетото Кралство и Ирска“ – додава Замбоглу.
Рекламата ќе се емитува на телевизија и на разни дигитални и онлајн канали во Британија и Ирска.