ЕУ Инфо Центарот во Скопје организира он-лајн натпревар за ново име и лого. На натпреварот може да учествуваат сите креативци кои ќе се пријават преку формата на следниов линк: www.eucontest.mk
Краен рок за поднесување на пријавите е недела, 15 април 2018 година до полноќ.
Новото име/логото треба да одразува слика на место кое нуди повеќе од само присуство на конференции. Тоа треба да биде место каде што се нудат различни настани, како филмски проекции, изложби, уметнички изведби, итн.
Целта на новото име е ЕУ Инфо центарот да биде препознаен како неформално место, место што е различно од Делегацијата на ЕУ, место со релаксирана и топла атмосфера, отворен простор каде што ќе можете да читате книги или магазини или да ги користите таблетите и лаптопите, додека пиете шолја кафе.
Новотo име треба да биде инспирирано од идејата за топло и отворено место посветено на сите граѓани на земјата.
Повеќе информации ТУКА.