Комисијата ќе направи сè за изборите на Европскиот парламент бидат отпорни на вакви упади, вели Вера Журова, Европската комесарка за правда.
Претстојните избори за Европскиот парламент, како резултат на сè почестите злоупотреби на социјалните мрежи, ќе бидат поразлични од претходните, осносно ЕУ со посебни мерки треба да ги заштити изборите од надворешните влијанија, објави во вторникот комесарката на Европската комисија, Вера Журова.
“Потполно е јасно дека претстојните избори нема да бидат вообичаени. Не можеме да останеме наивни. Има многу малку време да се реагира“, предупреди jЖурова на пленарната седница во Стразбур на расправата за користење на податоците на корисниците на Фејсбук од страна на компанијата Кембриџ Аналитика и влијанието врз заштитата на податоците.
Комесарот за правда, пред претставниците за заштита на потрошувачите и родовата еднаквост, рече дека Европската комисија усвои пакет на мерки за борба против класичната хакерски упади и ги повика да го поддржат предложениот пакет на мерки за спречување на дезинформациите.
Журова истакна дека кај дигитални медиуми често не е јасно кој ја води предизборната кампања, рекламирањето не е транспарентно, а често се крши и предизборниот молк.
Комисијата ги поттикнува земјите членки да основаат национална мрежа за предизборната кампања, а “идејата е дека една таква мрежа може брзо да ги детектира потенцијалните закани, а исто така, ги вклучува сите можни финансиски санкции кои се потребни за таа цел”, им објасни Журова на европарламентарците.
Журова истакна дека очекува поддршка од Европскиот парламент за предложените мерки “бидејќи тоа е идеолошки неутрално прашање”.
Се работи за правото на граѓаните на ЕУ нивниот избор да го направат колку што е можно послободно, без никакви манипулации и дезинформации и слободни, без какво било надворешно влијание, смета комесарката.
Таа посочи дека Европската унија сега е во подобра ситуација што се однесува до можностите за заштита на личните податоци отколку што беше кога се случи скандалот со компанијата Кембриџ Аналитика.
Тоа беше јасно предупредувачки знак дека изборните кампањи се подложни на манипулации и дезинформации од разни странски актери и дека европските избори нема да останат имуни на овие влијанија. Мора да го зајакнеме нашиот заеднички одговор, кога станува збор за загрозување на нашите демократски вредности, вели Журова.
Комисијата ќе направи сè за изборите за Европскиот парламент бидат отпорни на овие упади, вели Журова.
Британската фирма Кембриџ Аналитика во 2014 преку психолошки прашалник на кој одговориле 270.000 лица прибавила податоци за 87 милиони корисници на Фејсбук.
Во април, Фејсбук, призна дека незаконски споделил кориснички податоци за британската аналитичка фирма, ангажирана да влијае врз ставовите на гласачите пред референдумот за Брегзит во 2016 и претседателските избори истата година.
Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг, оттогаш се обидува да ја поправи штетата, извинувајќи се пред американскиот Конгрес и Европскиот парламент и вети дека на глобално ниво ќе се применуваат новите правила на Европската унија за заштита на личните податоци.
Паоло Рангел, заменик претседател на клубот на Европската народна партија (ЕПП), во дебатата рече дека манипулациите и дезинформациите преку социјалните мрежи несомнено претставуваат “опасност и закана” и дека случајот со Кембриџ Аналитика “јасно покажа дека мешањето во изборниот процес е возможно” .
“Пред нас е многу амбициозен уставен предизвик од моменталното спречување на вмешувањето“, рече Рангел, додавајќи дека тоа значи дека не станува збор само за мешање или донесување на закони во овој случај, туку за сфаќањето на демократското општество во иднина и регулирање на улогата на социјалните мрежи во денешната демократија.
“Злоупотребата на податоците и нивната употреба во изборните кампањи, ја загрозуваат слободата и демократијата“, изјави Удо Булман во дебатата пред клубот на социјалдемократите во Европскиот парламент (S&D).
“Нашата демократија е насочена кон граѓаните, а не кон оние кои манипулираат со податоци или купуваат податоци“, истакна Булман.