Клучните зборови се кралевите и кралиците во шаховската игра наречена SEO.
Како ќе „распоредите“ или „нападнете“ одредени клучни зборови може да биде одлучно за тоа дали луѓето ќе го најдат вашиот бизнис на Google, или не. Осмислувањето на добра стратегија за клучни зборови бара многу истражување, но добар старт е да се запознаете со тоа што всушност луѓето пребаруваат на интернет.
Siege Media изработи еден корисен инфографик за тоа кои се најпребаруваните 100 клучни зборови (без брендови) на Google во изминатите 12 месеци. На првите 10 позиции се:
- Weather (Време)
- Maps (Карти)
- Translate (Превод)
- Calculator (Калкулатор)
- YouTube to mp3 (YouTube во мп3)
- Speed test (Тест за брзина)
- News (Вести)
- Thesaurus (Тезаурус)
- Powerball (Лотарија во САД и Австралија)
- Donald Trump (Доналд Трамп)
После тоа станува малку чудно: “Happy wheels“ (видео игра), “slitherio” (видео игра) и буквата „g“ се дел од Топ 25. “Dictionary“ (Речник) е исто така дел од првите 25 позиции на листата, како редок знак за интелигентен живот во морето на несуштински клучни зборови.
На листата се наоѓаат и зборовите “Sports“(Спорт), “Entertainment” (Забава), “YouTube Music” (YouTube Музика), “Flights” (Летови), “Bitcoin” (Биткоин) и “Restaurants” (Ресторани).
На комуникациските експерти ќе им биде интересно што “email” (електронска пошта) се најде на 68 место. Исто така, упатствата за цитирање “MLA format” и “APA citation” се најдоа на 75 и 76 место, соодветно.
Погледнете ја целосната листа во продолжение: