Home » Во фокусот » Еволуцијата на 13 познати логоа

Еволуцијата на 13 познати логоа

Погледнете како низ годините еволуирале логоата на некои од најпознатите светски брендови

„Еден од најдобрите начини за да ги привлечете корисниците е да имате солидно, јасно лого“, се наведува во истражувањето на маркетинг агенцијата за истражување C+R. Но, како да одлучите дали треба да го промените своето лого? На некои промените им помагаат во растот на работењето, за други, како што се Levi’s и Coca-Cola, тоа е нешто свето и знаат дека не треба да си играат со совршенство.

Ако компанијата сака да преживее на пазарот, мора да научи да се прилагоди на очекувањата на јавноста. Како што се менуваат вкусовите, така се менува и брендирањето на компанијата, за да се избегне негативната перцепција. Повеќето брендови проаѓаат низ неколку промени на визуелниот идентитет пред да се одлучат за логото кое го познаваме и препознаваме, а примери можат да се најдат и помеѓу големите брендови, како што се Google, Nike и Starbucks.

Новото лого може да вдахне нов живот, но исто така може и да биде целосно промашување, што значи и ризик од губење на довербата на купувачите. Сепак, треба да се истакне дека компаниите кои одвојуваат време и внимателно пристапуваат во редизајнот на логото, можат да постигнат и голем напредок во работењето, наведуваат C+R во своето истражување.

Логоата се скратена верзија на пораката на компанијата кон нивните клиенти – едноставен начин на кој компанијата сака да ги споделува своите вредности и да остави впечаток. Но, прашањето е кога е време за ажурирање? За да го истражи тоа, агенцијата C+R одлучи да следи како промената на логото на некои од најславните брендови се поврзува со приходите на тие компании.

 

 

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365