Евробест (Eurobest) – европскиот фестивал на креативноста, оваа година ќе се оддржи од 1-ви до 3-ти декември во Хелсинки, главниот град на Финска.
Учесниците ќе имаат прилика да слушнат угледни креативни умови на европската огласувачка индустрија a ќе бидat доделени и Евробест наградите во 15 категории.
Агенциите и продукциските куќи, своите проекти за Евробест можат да ги пријават во периодот од 21 август до 26 септември.
Евробест фестивалот е организиран од компанијата Lions Festivals, која секоја година го организира и најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions.
Претходните три години, фестивалот се оддржуваше во Лисабон, а преходни домаќини биле и Хамбург, Амстердам и Стокхлом.
Повеќе информации за фестивалот и пријавувањето можете да видите на сајтот: http://www.eurobest.com/home/