На осмото по ред издание на годишната конференција на ИАБ Европа која вчера се оддржа во Париз за прв пат беа презентирани делови од резултатите од новиот AdEx Benchmark извештај кој откри деке вкупниот европски online адвертајзинг пазар во минатата година (2013-та) пораснал за 11,9% и го достигнал нивото од рекордни 27,3 милијарди евра.
Втор најбитен факт од извештајот е што мобилното огласување во вкупниот адвертајзинг колач лани учествувал со 11,5% што е речиси 128,5% пораст во споредба со 2012 година.
Online видео адвертајзингот исто така покажал силен раст, дури 45,4% повеќе од 2012 година достигнувајќи близу 1,19 милијарди евра. Ова е за прв пат во Европа, online видеото да ја премина границата од 1 милијарда.
Townsend Feehan, CEO на IAB Europe ја потенцираше важноста на дигиталниот екосистем за Европскиот раст : “Овие резултати ја потврдуваат зголемената вредност која дигиталното огласување ја има за европската економија. Технолошките иновации го поддржуваат растот и многу е важно да продолжиме да го стимулираме Европскиот дигитален бизнис како би овозможиле силно присуство на Европа на светската сцена“
Најголем индивидуален раст на online адвертајзинг пазарот во 2013-тата беше ригистриран во Русија – 26,8% и Турција – 24,3%
Во продолжение погледнете ја листата на Топ 10 пазари каде најмногу се инвестирало во online огласувањето:
- UK – €7.4bn
- Germany – €4.7bn
- France – €3.5bn
- Russia – €1.8bn
- Italy- €1.7bn
- Netherlands – €1.3bn
- Sweden – €0.9bn
- Spain – €0.9bn
- Norway – €0.7bn
- Denmark – €0.6bn