Home » Во фокусот » Европскиот online адвертајзинг пазар достигна рекордни 27,3 милијарди евра

Европскиот online адвертајзинг пазар достигна рекордни 27,3 милијарди евра

На осмото по ред издание на годишната конференција на ИАБ Европа која вчера се оддржа во Париз за прв пат беа презентирани делови од резултатите од новиот AdEx Benchmark извештај кој откри деке вкупниот европски online адвертајзинг пазар во минатата година (2013-та) пораснал за 11,9% и го достигнал нивото од рекордни 27,3 милијарди евра.

Втор најбитен факт од извештајот е што мобилното огласување во вкупниот адвертајзинг колач лани учествувал со 11,5% што е речиси 128,5% пораст во споредба со 2012 година.


iab europe

Online видео адвертајзингот исто така покажал силен раст, дури 45,4% повеќе од 2012 година достигнувајќи близу 1,19 милијарди евра. Ова е за прв пат во Европа, online видеото да ја премина границата од 1 милијарда.

Townsend Feehan, CEO на IAB Europe ја потенцираше важноста на дигиталниот екосистем за Европскиот раст : “Овие резултати ја потврдуваат зголемената вредност која дигиталното огласување ја има за европската економија. Технолошките иновации го поддржуваат растот и многу е важно да продолжиме да го стимулираме Европскиот дигитален бизнис како би овозможиле силно присуство на Европа на светската сцена

Најголем индивидуален раст на online адвертајзинг пазарот во 2013-тата беше ригистриран во Русија – 26,8% и Турција – 24,3%

Во продолжение погледнете ја листата на Топ 10 пазари каде најмногу се инвестирало во online огласувањето:

  1. UK – €7.4bn
  2. Germany – €4.7bn
  3. France – €3.5bn
  4. Russia – €1.8bn
  5. Italy- €1.7bn
  6. Netherlands – €1.3bn
  7. Sweden – €0.9bn
  8. Spain – €0.9bn
  9. Norway – €0.7bn
  10. Denmark – €0.6bn

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365