Home » Digital » Фејсбук доминира на социјалните медиуми

Фејсбук доминира на социјалните медиуми

Facebook го зацврсти својот статус на неприкосновен крал во џунглата на социјални медиуми во новото истражување, кое покажа не само дека оваа социјална мрежа самата има повеќе месечни посети од било која друга, туку и дека тоа го имаат и нејзините сестрински платформи, WhatsApp и Messenger.

Бројките кои ги собра компанијата Statista покажуваат дека Facebook ги поседува четирите најголеми светски платформи за социјални медиуми и за размена на пораки, односно дека единствено кинескиот WeChat е доволно голем да им ја расипе забавата на врвот на листата, бидејќи Instagram го истуркаа на петтото место.

Судејќи исклучиво според сопствените заслуги, Facebook моментално брои две милијарди активни корисници месечно, додека WhatsApp и Messenger неодамна ја преминаа бројката од една милијарда. Единствено Tencent, кинескиот дигитален гигант кои стои позади споменатиот WeChat, може да им се приближи на водечките на листата, односно и тој има преку милијарда корисници кога ќе се вбројат и корисниците на Qzone услугата.

Секако, огласувачите одат таму каде што оди и публиката, привлечени не само од огромната база на корисници, туки и од можноста да се допре до однапред одбрани групи врз основа на лајкови, коментари и други онлајн активности.

Се очекува дека само во САД  приходите од огласите на социјалните мрежи да достигнат вредност од 17,8 милијарди долари оваа година, а растот ќе продолжи и во 2018 година и во наредните години, односно се очекува дека Facebook ќе има најголема корист од тоа. Оваа компанија неодамна извести дека забележала раст на добивката од 45% во износ од 9,3 милијарди долари, врз основа на постојаниот раст на мобилното огласување.

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365