Фејсбук ќе започне да ги следи и оние кое не се корисници на оваа социјална мрежа за да им прикажува што подобро таргетирани огласи.
Измината недела Фејсбук најави офанзива на пазарот на интернет огласувањето која не е тесно поврзана со оваа друштвена мража. Како што наведува WSJ, компанијата на Зукерберг на своите партнери огласувачи ќе им продава огласи кои ќе се прикажуваат и на другите страници освен на Фејсбук, и тоа на сите кои се членки на нивната огласувачка мрежа Audience Network.
На тој начин огласите би можеле полесно да допрат и до оние корисници кои немаат профил на Фејбук, бидејќи Audience Network ги прикажува огласите на сите посетители на страниците, без оглед на тоа дали тие користат Фејсбук или не.
Со оваа промена, Фејсбук ќе станат поконкурентни на Гугл во подрачјето на веб огласувањето. Исто така, овај потег е и донекаде контроверзен, затоа што во друштвената мрежа планираат да почнат по пат на cookies и другите алатки, да го следат однесувањето на интернет корисниците кои кај нив немаат отворено профил – а се со цел да им прикажат што порелевантни огласи.