Во една од новите мерки кои ќе бидат воведени, Фејсбук ќе ги пренасочи поединците кои бараат расистичка содржина и фрази во групата Life After Hate
Фејсбук ја промени политиката за содржини после терористичкиот напад извршен од страна на еден од членовите на екстремната десница во Крајстчерч, Нов Зеланд, а во кој загинаа 50 луѓе.
Напаѓачот својот грозоморен чин го пренесуваше во живо на Фејсбук, што дополнително ја нагласи силната критика и ја повика оваа платформа да заземе поцврст став спрема сите форми на бел национализам и сепаратизам.
Фејсбук најави дека од следната недела ќе ги забрани сите форми на “пофалби, поддршка и застапување на бел национализам и сепаратизам”. Со овој потег, овие два термина ќе биде изедначени со начинот на кој се третира белечкиот супрематизам на оваа платформа, што е тема која веќе е забранета, како и сите други расистички содржини и говор на омраза врз основа на раса, националност или религија на некое лице или група.
Како резултат на новите построги ограничувања, коментарите, како “имиграцијата ја дели оваа земја; белиот сепаратизам е единствениот одговор”, повеќе нема да бидат дозволени.
Фејсбук напиша: “Јасно е дека овие концепти се длабоко поврзани со организирани групи на омраза и нема место на нашите платформи. Првично, не ја користевме истата логика во однос на изразите на белиот национализам и сепаратизам, бидејќи размислувавме за пошироки концепти на национализам и сепаратизам – како што е американската гордост и баскискиот сепаратизам, кои се важен дел од идентитетот на народот.“
Во една од новите мерки кои ќе бидат воведени, Фејсбук ќе ги пренасочи поединците кои бараат расистичка содржина и фрази во групата Life After Hate која има за цел рехабилитација на поранешните бели супремацисти.