Home » Digital » Facebook го лансираше Marketplace, нова функција која ќе дозволи на луѓето да купуваат различни работи од пријатели и странци

Facebook го лансираше Marketplace, нова функција која ќе дозволи на луѓето да купуваат различни работи од пријатели и странци

Стотици милиони луѓе го користат Фејсбук за купување и продавање, па затоа компанијата вели дека тие се постојано во потрага да ги направат нештата полесни и поедноставни.

istock-88471337-medium (1)

Facebook лансираше нова функција која ќе дозволи на луѓето да купуваат и продаваат работи на своите пријатели и непознати.

Новата алатка, наречена Marketplace, е наменета за контакт меѓу луѓето кои се во близина, кои би можеле да си продаваат нешто едни на други, или да купат нешто што им треба.
Компанијата вели дека продавањето на различни нешта преку Facebook и во моментот е многу популарно и се користи меѓу – 450 милиони групи за купување и продавање. Околу една четвртина од луѓето кои го посетуваат Facebook го користат како алатка за тргување.
Па новата алатка Marketplace е создадена со таа намена. Да овозможи контакт за продажба или купување меѓу корисниците.

Надградбата на апликацијата ќе дозволи на корисниците на Фејсбук, да бидат во можност да кликнат на табот и да видат каква е состојбата на пазарот. Ќе стои на сегашното моментално место од иконата Messenger – да покажува сигнал за тоа колку Фејсбук се обидува да ги поттикне луѓето да го користат новиот пазар или т.н .Marketplace.

Таму, ќе забележите листа за продажба на се што не можете дури ни да претпоставите, а исто ќе биде возможно да пребарувате за специфични производи во специфични региони. Пр. Ако некој сака нешто да продаде, може да кликне на истиот таб – да прикачи фотографија, да ја позиционира и да додаде опис. Така ја имаат својата тема за продажба.
Функцијата користи алгоритми на Facebook за да се обиде и да предвиди за што корисниците би можеле да бидат заинтересирани. Таа информација е установена уште на почетокот според тоа кои видови на страници на корисникот му се допаднале. Но на крајот ќе ги користи активностите на луѓето во рамките на самиот пазар.

Фејсбук има намера да биде корисно место низ кое ќе пребарувате, наместо некаде да одите и да барате нешто посебно. Кога луѓето ја користеле функцијата во тестирањето, проект-менаџерот на Боуен Пан, кажа дека корисниците имаат тенденција да го посетат овој онлајн маркет “без да бараат нешто конкретно”. Само сакаат да погледнат наоколу и да се информираат.

Барем на почетокот, нема да има потреба за испраќање на пари преку Facebook, со тоа што купувачите и продавачите ќе треба да се договорат меѓусебно околу испораката. Но тоа исто така подразбира дека Facebook не сака проценти или заработувачка, со што продажбата ќе ја направи поевтина од eBay, Amazon или други сајтови кои се за онлајн продажба.

Компанијата во иднина очекува Marketplace функцијата да стане алатка за бизнис. Додека пак иновативниот Messenger би послужил како бесплатна алтка за комуникација меѓу соработниците, за нарачки и сл. Со што ќе се изостави дискусијата преку меил или телефон.
Фејсбук ја тестираше новата функција од крајот на минатата година. Таа за почеток ќе биде достапна за корисници во САД, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд, а наскоро ќе дојде и низ целиот светот.

Автор Магдалена Шамбевска

Мaгдaленa е диплoмирaн менaџер – инженер нa инфoрмaциски системи нa факултетoт ФАМИС вo Битoлa. Скоро 4 гoдини рaбoти кaкo мaркетинг менaџер вo МА Nova Solutions вo Битoлa. Нејзини нaјгoлеми интереси се дигитaлниoт мaркетинг, герилa мaркетинг, кaкo и рaзвивaње мaркетинг стрaтегии и aктивнoсти зa рaзлични кoмпaнии низ Мaкедoнијa и стрaнствo, сo цел згoлемувaње нa нивнaтa прoдaжбa и јaкнење нa бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365