Пазарот на интернет рекламирање во Бугарија повторно забележа двоцифрен раст за минатата година.
Тој порасна за 27%, за да стигне до нето инвестиции во износ од 87.1 милиони леви т.е околу 40 милиони евра. И додека сите зборуваат за технолошки иновации како виртуелна реалност и вештачка интелигенција, втора година по ред главен удел во онлајн инвестициите во земјата е насочен кон интернет гигантите Facebook и Google дури и со зголемување од 18 милиони леви во споредба со лани, пренесува Capital.bg.
Традиционално и оваа година податоците за пазарот на интернет реклама и годинава беа претставени на форумот на “IAB Бугарија”, кој ја собра дигитална индустрија и ги претстави насоките во кои пазарот се развива. Според истражувањата, на репрезентативен примерок од 24 од најголемите медиумски компании и рекламните агенции во земјата, во 2016 година, најголем удел од нето буџети за онлајн рекламирање повторно се инвестира во Facebook, YouTube и пребарувач на Google. Тие претставуваат вкупно 58% од пазарот, или 50,8 милиони леви.
Момент за одбележување е можеби намалениот процент со кој растат инвестициите во Фејсбук. Ако во 2015 тој процент изнесуваше 66% (во споредба со 2014), тогаш во 2016 порастот изнесуваше 39%.
Најголем интернет огласувач во земјата е Procter & Gamble. Второто и третото место ги заземаат Zagorka и Mondelez. Индустриите со најголеми рекламни буџети традиционално се “Широка потрошувачка” и “Финансиски услуги”, кои зафаќаат 40%, односно 23% од вкупните рекламни буџети.