Home » Во фокусот » Фејсбук и Гугл веќе “јадат“ до 60% од дигиталните реклами во Бугарија

Фејсбук и Гугл веќе “јадат“ до 60% од дигиталните реклами во Бугарија

Пазарот на интернет рекламирање во Бугарија повторно забележа двоцифрен раст за минатата година.

Тој порасна за 27%, за да стигне до нето инвестиции во износ од 87.1 милиони леви т.е околу 40 милиони евра.  И додека сите зборуваат за технолошки иновации како виртуелна реалност и вештачка интелигенција, втора година по ред главен удел во онлајн инвестициите во земјата е насочен кон интернет гигантите Facebook и Google дури и со зголемување од 18 милиони леви во споредба со лани, пренесува Capital.bg.

Традиционално и оваа година податоците за пазарот на интернет реклама и годинава беа претставени на форумот на “IAB Бугарија”, кој ја собра дигитална индустрија и  ги претстави насоките во кои пазарот се развива. Според истражувањата, на репрезентативен примерок од 24 од најголемите медиумски компании и рекламните агенции во земјата, во 2016 година, најголем удел од нето буџети за онлајн рекламирање повторно се инвестира во Facebook, YouTube и пребарувач на Google. Тие претставуваат вкупно 58% од пазарот, или 50,8 милиони леви.

Момент за одбележување е можеби намалениот процент со кој растат инвестициите  во Фејсбук. Ако во 2015 тој процент изнесуваше 66% (во споредба со 2014), тогаш во 2016 порастот изнесуваше 39%.

Најголем интернет огласувач во земјата е Procter & Gamble. Второто и третото место ги заземаат Zagorka и Mondelez. Индустриите со најголеми рекламни буџети традиционално се “Широка потрошувачка” и “Финансиски услуги”, кои зафаќаат 40%, односно 23% од вкупните рекламни буџети.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365