Фејсбук започна ТВ и outdoor кампања во UK, промовирајќи го своето значење во задржувањето на постојаните и креирањето на нови пријателства.
Кампањата која беше креирана од in-house тимот The Factory е насловена како “the friends“ и е придружена со две ТВ реклами кои за прв пат се наменети за британскиот пазар. Во ТВ рекламите наратор со британски акцент зборува како мрежата придонела во зајакнување на пријателствата и пронаоѓањето на нови луѓе со кои се делат заеднички вредности.
Погледнете ги ТВ рекламите во продолжение: