Home » Digital » Фејсбук ќе им овозможи на медиумите да означуваат „ударни вести“

Фејсбук ќе им овозможи на медиумите да означуваат „ударни вести“

На почетокот од годинава, Фесјбук објави соопштение во кое се заложи дека на корисниците ќе им овозможи да добиваат вести со повисок квалитет во нивниот News Feed. „Луѓето ни кажуваат дека сакаат да гледаат информативни вести за работи кои се случуваат околу нив во моментот кога тие се случуваат“, нагласија од Фејсбук.

Добивањето на јасен сигнал кои вести се „ударни“ може да помогне во таа цел. Фејсбук веќе спроведе еден таков тест во САД, овозможувајќи им на мала група на локални и национални медиуми да идентификуваат и обележуваат „ударни вести“. Почнувајќи од оваа недела, Фесјбук дополнително ќе го прошири тестот со повеќе од 50 медиуми од Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Австралија кои ќе имаат можност да ги обележуваат своите вести како „ударни“ при објавувањето на Фесјбук. Ако проширувањето даде успешни резултати, веројатно е дека ќе бидат додадени и други медиуми.

Со овој тест, медиумите ќе имаат опција да означуваат инстантни артикли, мобилни и веб линкови и Фејсбук видео стримови како „ударни вести“. Тие ќе можат да ја користат опцијата само еднаш во текот на еден ден, со самостојно определување колку време веста ќе остане обележана како „ударна“, до максимум од 6 часа. Медиумите ќе имаат дополнителни 5 означувања месечно. Постовите ќе се појавуваат во News Feed, а нивните резултати и ефикасност ќе можат да се следат преку Page Insights. Публиката исто така ќе има можност да означи која од вестите всушност не ја смета за „ударна“ преку кликање на менито во горниот десен агол од постот. Сите овие резултати ќе бидат искористени од Фејсбук за да го подобрува системот.

Од иницијалниот тест биле забележани позитивни резултати. Луѓето во САД стапувале во интеракција повеќе со оние вести кои биле обележани како „ударни“. Од 8 декември до 14 јануари бил забележан пораст од 4% во кликови, 7% повеќе „лајкови“, 4% повеќе коментари и 11% повеќе споделувања.

Дејв Мерел од The Washington Post, еден од иницијалните партиципанти во тестот, изјави: „Задоволни сме што сорботуваме со Фејсбук во развојот на „ударни вести“ на нивната платформа и сме возбудени, но не и изненадени, од реакцијата на публиката. Испорачувањето на прецизни информации за брзо време отсекогаш било во центарот на нашата мисија и во еден огромен циклус на објавување вести, ние сакаме нашата публика да може лесно да идентификува кога има  некое ново известување.“

„Ставањето акцент кон „ударните вести“ на Фејсбук ќе помогне во мисијата луѓето да добиваат вредни информации кога тоа е најважно. Овој тест е сé уште во рана фаза и ќе продолжиме да работиме со медиумите преку проектот за Фесјсбук новинарство да го инкорпорираме и нивниот фидбек и да го подобруваме системот на функционирање“, истакнаа од Фесјбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365