Home » Digital » Фејсбук ќе престане да ги наплатува случајните кликови на рекламите

Фејсбук ќе престане да ги наплатува случајните кликови на рекламите

Видео реклами на Фејсбук

Фејсбук најави дека планира да престане да им наплатува на огласувачите кога корисниците случајно ќе кликнат на нивните огласи, што би можело да го намали бројот на иритирачки огласи кои тешко може да се заобиколат, како што се pop-up прозорчињата, истовремено штедејќи ги парите на огласувачите.

Социјалната мрежа планира да престане да им наплатува на огласувачите кои го користат нивниот Facebook Audience Network за огласи на кои корисниците неволно кликнале. Според најавите од компанијата, случајните кликови се оние за кои времето на гледање е помало од две секунди. Иако првичните планови го наведуваат времето од две секунди, за кои Фејсбук вели дека „речиси секогаш“ значи дека кликот бил случаен, менаџерот на маркетинг производи во Фејсбук, Brett Vogel изјави дека компанијата може да го зголеми или намали ова време во иднина.

Сметаме дека тоа е позитивен потег, бидејќи иако ненамерните кликови можат понекогаш да значат краткорочна добивка за издавачите, тие не ни овозможуваат да изградиме вредност за огласувачите, ниту на издавачите да им овозможиме исполнување на долгорочните цели во смисла на одржливо работење“, изјави Vogel.

Фејсбук не е прва компанија која се бори против ненамерните  кликови на огласите. Имено Гугл веќе некое време е фокусиран на оваа проблематика. Минатата година, Гугл изјави дека нивните настојувања да го намалат бројот на случајни кликови на мобилните страници и во апликациите, спречила десетици милиони кликови дневно. Колективното значање на таквите напори може да го подобри корисничкото искуство со мобилните огласи, но и да го зголеми притисокот на огласувачите, технолошките компании и издавачите за создавање помалку досадни формати.

Покрај промената на правилата поврзани со случајните кликови на огласите, Фејсбук ќе воведе и неколку измени во начинот на кој известува за вкупните импресии на камањите.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365