Home » Digital » Фејсбук најави големи промени

Фејсбук најави големи промени

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг во најновата објава на Фејсбук, најави големи промени во алгоритмот кој ја уредува почетната страна (News Feed)

Најпопуларната социјална мрежа во иднина ќе даде помало значење и досег на постовите, фотографиите и видео клиповите кои ги споделуваат медиумите и компаниите, а предност ќе има содржината на нашите пријатели на Фејсбук.

Големите промени се делумно одговор на критиките што Фејсбук ги претрпе во текот на изминатата година, според кои оваа социјална мрежа е одговорна за ширење дезинформации.

Го изградивме Фејсбук за да се поврземе со луѓето кои ни се важни. Затоа секогаш ги ставаме нашите пријатели и роднини во центарот на вниманието. Рамнотежата на News Feed се префрли на најважните работи кои Фејсбук може да ги направи – а тоа е меѓусебно да не` поврзе. Чувствуваме одговорност користењето на нашите сервиси и услуги да не биде само забавно, туку да биде и во корист на луѓето“, ги објасни Цукерберг најновите промени.

Оваа промена жестоко ќе влијае врз медиумите кои ги прилагодиле своите стратегии да зависат од објавите на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365