Home » Digital » Фејсбук наскоро ќе ги фаворизира страниците кои побрзо се вчитуваат

Фејсбук наскоро ќе ги фаворизира страниците кои побрзо се вчитуваат

Прегледување на Фејсбук, кликање на линковите кои се прикажуваат на News Feed, па повторно враќање на Фејсбук, па повторно клик на линк… позната е приказната која, посебно на мобилните телефони, може понекогаш да одземе многу време заради чекање на долгото отворање на веб страниците. Но, во Фејсбук одлучија и тоа да се промени, барем колку што е во нивна моќ.

Имено, во оваа компанија, забележале дека дури 40% од корисниците не се подготвени да чекаат повеќе од 3 секунди за отворање на надворешниот линк, па го откажуаат таквото бавно вчитување и се враќаат назад на News Feed. Најновите промени во алгоритмите кои одбираат што ќе се прикажува на News Feed, ги рангира страниците според нивното време на вчитување. Тоа ќе се пресметува според просечната брзина на вчитување на страницата, но ќе се земе во предвид и врската на која корисникот се наоѓа.

Доколку Фејсбук заклучи дека за отворање на некој линк би било потребно премногу време, поретко ќе го прикажува на корисниците или ќе го смести пониско на News Feed. Затоа на врвот најчесто ќе бидат оние линкови за кои, најчесто на мобилни телефони, нема да мора да се чека премногу долго да се отворат. Промените на алгоритмите ќе започнат во наредните месеци.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365