Home » Digital » Facebook открива ново видео искуство

Facebook открива ново видео искуство

Facebook најави неколку нови големи измени што се однесува на видео содржините на платформата вклучувајќи и измени на видео искуството во делот на новостите (News Feed), како и најава дека ќе ја лансира својата видео ТВ апликација.

Ова се новите измени на социјалната мрежа:

Звук на видеата. Звукот автоматски ќе се пушта или ќе ‘’избледува’’ автоматски на видео содржините како што корисниците ќе листаат во делот на ѕидот за новости. Звук на видеата нема да се слуша доколку сте го подесиле безвучно на својот мобилен уред а доколку не ви се допаѓа опцијата може да го запрете автоматскиот звук на видеата во делот за поставки на вашиот профил. Видео содржините досега беа безвучни и поради оваа опција социјалната мрежа мрежата подлежеше на бројни критики од страна на рекламерите и конкурентните социјални платформи.

Поголеми вертикални видеа. Големината на видеата односно димензиите за нивна прегледност во делот за новости стануваат поголеми. Едно видео зазема голем дел од екранот на мобилните уреди кога се прегледуваат новостите на ѕидот за новости притоа спречувајќи подобра пегледност на преостанатите содржини и новости. Лицата кои сакаат да гледаат видеа сега може да ги гледаат на цел екран вертикално. Нагласокот на ваквите големини кај видео содржините ќе придонесе поголема вклученост со содржините на самото видео а со тоа и поголема можност Facebook да заработи на огласувањето со видео содржини од своите клиенти.

Минимизирање на видео екраните. Корисниците исто така ќе имаат можност да го минимизираат видеото додека е пуштено на екранот со цел да зафати помал простор од нивниот екран овозможувајќи им додека го гледаат видео да разгледуваат и други новости. Корисниците на Android уреди дури ќе имаат и можност да излезат од апликацијата и да продолжат да го гледаат видеото кое го пуштиле. Со овој чекор се цели кон поголема вклученост и активирање на корисниците со цел да им се помогне на брендовите кои се рекламираат да постигнат подобри резултати.

Видео ТВ апликација. Facebook наскоро ќе ја лансира својата апликација за конетирање со ТВ вклучувајќи ги во овој дел Apple TV, Amazon Fire TV, и Samsung Smart TV. На овој начин ќе се редефинира користењето на Facebook и истото од сега ќе стане соодветно и за TV, а со оваа опција ќе се овозможи и поттик на корисниците за следење на повеќе видео содржини на платформата.

Постојат повеќе причини зошто Facebook одлучи да превземе вакви чекори :

• Профитирање со Тв платени реклами. Профитот од ТВ реклами во САД оствари околу $72 милијарди во 2016, за 3.5% повеќе отколку $68.9 милијарди генерирани во 2015, во согласност со проценките направени од страна на Pwс. Со помош на ТВ апликацијата Facebook добива нова посилна позиција со која ќе има можност да добие фракција од овој профит.

• Повлекување на нови извори за профит од ТВ. Во исто време надграденото мобилно видео искуство ги zголемува можностите за поголеми трoшоци во делот на рекламите како што нештата се менуваат и рекламите транзитираат од ТВ на дигитални платформи. Мобилното рекламирање ќе порасне за 3 пати од $66 милијарди во 2016 на $196 милијарди во 2020, во согласност со IDC.

• Да се биде каде што се конкурентите. ТВ апликацијата ќе биде базирана на новиот видео таб на Facebook- простор дизајниран за следење на видео содржини кој ќе наликува на YouTube. Апликацијата ќе му овозможи на Facebook да биде поблиску до услугите кои ги нудат конкурентните видео сервиси како YouTube, Netflix, и други.

• Предвидување на иднината на ТВ. Во меѓувреме, OTT платформите и конектираните ТВ уреди предизвикуваат наплив на ТВ апликации кои ќе ги заменуваат традиционалните ТВ канали за кои корисниците губат интерес. ТВ апликацијата на Facebook ја става компанијата во победничка ситуација во идните настани каде ТВ апликациите ќе станат новите ТВ канали.

• Таргетирање на постара популација. Иако се оредвидува дека постарата популација поминува помалку време пред малите екрани, гледаноста на ТВ во Q2 во 2016 всушност бележеше пораст од 5% кај демографската група од 65 годишна возраст. Оваа група е најбрзорастечката старосна група во САД во согласност со податоците од истражувањето на Deloitte.

Меѓутоа постојат и податоци кои укажуваат на тоа дека ТВ апликациите се соочуваат со слаба корисничка вклученост. Аналитичарите од Adjust откриле дека само 9% од корисниците повторно ги користат ТВ апликациите на Apple седум дена откако ги симнале на своите паметни уреди. Стапката на задржување на корисниците на оваа платформа се влошува од месец до месец опаѓајќи на 4% корисници. Скоро 20% од корисниците на iPad и 18.5% од корисниците на iPhone се навраќаат на апликацијата за временски период од 7 дена. Новото видео искуство ќе ја олесни распространетоста на т.н реклами со природен изглед – односно рекламите кои го заземаат изгледот и чувството на нивната околина. Овој тренд ќе го заземе просторот на дигиталното огласување.

До 2021, профитот генериран од ваквиот тип на реклами во САД ќе достигне до 74% од профитот остварен преку реклами прикажани на дисплеј зголемувајќи се значајно во однос на просекот од 2016 година кој изнесуваше 56% во согласност со новите проценки направени од страна на BI Intelligence генерирани врз основа на историски податоци добиени од страна на Interactive Advertising Bureau (IAB), PwC како и IHS.

Ваквиот тип на рекламирање се должи на доминантноста на социјалните платформи како Facebook и Twitter — кои се шампиони во ваквиот тип на реклами и формати како и на воведот на новите програмски технологии кои им овозможуваат на компаниите и издавачите да креираат ваков тип на кампањи.

BI Intelligence, премиум сервисот за истражување на Business Insider, направи детален извештај за ваков типна рекламирање кој овие реклами ги дели на три категории: социјални, дисплеи и спонзорирана содржина (премиум реклами). Овој извештај дава преглед на предвидувањата за добивката која ќе се оствари во следните 5 години со помош наваквиот тип на формати на реклами.


Ова се клучните заклучоци од извештајот:

• ‘’Природните’’ –дисплеј реклами како и социјалните – ‘’organic’’ и ‘’organic’’ реклами вклучени на издавачките веб сајтови ќе го сочинуваат најголемиот процент од приходи од ваков тип на реклами во периодот од 2016-2021. ‘’Природните’’ –дисплеј реклами ќе генерираат раст на приходот од реклами во САД за 17% за временскиот период од 5 години и се верува дека ќе достигнат генериран приход од $36 милијарди. Растот на ваквиот тип на видеа, посебно во делот на социјалните платформи ќе биде еден од најголемите поттикнувачи на овој раст.

• Социјалните платформи го генерираат својот приход од ваков тип на реклами и ќе продолжат да доминираат вополетона трошоците за реклами во периодот до 2021 година.

• Спонзорираната содржина која спаѓа во одделна категорија поради тоа што директно се создава од форматите дефинирани помеѓу брендовите и агенциите ќе стане најбрзо растечката реклама во следните 5 години. Меѓутоа високите трошоци за креирањето на ваквиот тип на реклами како и ресурси за креирање на рекламите ќе го ограничуваат овој формат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365