Home » Digital » Фејсбук признава дека социјалните мрежи можат да бидат лоши

Фејсбук признава дека социјалните мрежи можат да бидат лоши

Истражувањата покажуваат дека начинот на кој се користат социјалните мрежи е од клучно значење за тоа како корисниците ќе се чувствуваат и какво ќе биде нивното ментално здравје

Бројни експерти и истражувања укажуваат дека премногу време поминато на социјалните мрежи може негативно да влијае на луѓето.

Но, кога такво нешто ќе напише тим од Фејсбук, тогаш знаеме дека работата навистина излегла од контрола.

На официјалниот блог, двајца вработени од истражувачкиот дел од Фејсбук се позанимаваа со едно “тешко прашање” – Дали премногу време поминато на социјалните мрежи е навистина лошо за нас? Како модерната технологија влијае на нашите животи и особено како влијае врз децата?

Дејвид Гинсберг, директор за истражување на Фејсбук, наведува неколку интересни истражувања кои покажуваат како модерниот начин на живот и технологијата може да имаат лошо влијание врз психата на луѓето.

Ние сакаме Фејсбук да биде место за значајни интеракции со вашите пријатели и семејството – да ги засилиме Вашите офлајн врски, а не да ги попречиме. На крајот, токму тоа Фејсбук секогаш би требало да биде. За нас е важно да знаеме како здравјето и среќата на луѓето се потпираат врз силата на нивните врски“, пишува Гинсберг.

Сепак, тој додава дека истражувањето покажува и дека начинот на кој се користат социјалните мрежи е од клучно значење за тоа како корисниците ќе се чувствуваат и какво ќе биде нивното ментално здравје.

Истражувањето што го спроведовме со Роберт Краут од Универзитетот Карнеги Мелон, открива дека луѓето кои испраќаат или примаат повеќе пораки, коментари и објави на нивниот ѕид се чувствуваат помалку депресивни, осамени и имаат подобра социјална поддршка. Позитивните ефекти се посилни кај оние луѓе кои комуницирале со блиски пријатели онлајн. Само објавувањето на статус, едноставно не е доволно. Луѓето мора да комуницираат едни со други во својата мрежа“, пишува Гинсберг.

Тие објаснуваат како во своите редови примиле психолози и социолози, со цел Фејсбук да стане место кое придонесува на позитивен начин.

Ние ги немаме сите одговори, но поради значајната улога што сега ја играат социјалните мрежи во животот на многумина, сакаме да ги направиме разговорите позначајни. На крајот, ние сме посветени на идејата да ги зближиме луѓето и да ја поддржиме нивната благосостојба преку значајни интеракции на Фејсбук, пишуваат на крај од Фејсбук.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365