Home » Digital » Facebook рекламите пристигнуваат и на Messenger

Facebook рекламите пристигнуваат и на Messenger

Facebook  планира да започне да профитира од „Messenger“ на глобален план

Фејсбук веќе со години главните свои приходи ги остварува од реклами кои се пласираат до корисниците на мобилните уреди, па тој факт во компанијата одлучија да го искористат , очигледно, до максимум. Прво ги „натераа“ корисниците да инсталираат Messenger доколку сакаат со мобилниот да пристапаат до пораките на Фејсбук, па во него овозможија креирање на спонзорирани објави, а сега стартуваа и со класични реклами.

За разлика од спонзорираната содржина, која корисникот може да ја добие само од страниците и компаниите со кои порано комуницирал, новиот концепт на реклами нема да биде ограничен на овај начин. Напротив, огласувачите ќе можат многу прецизно да ги таргетираат целните групи и да прикажуваат огласи на демографија по избор, додека корисниците тешко ќе можат да ја избегнат својата изложеност спрема нив. Имено,  рекламите наскоро би требало да започнат да се појавуваат на почетниот екран на Messenger, односно помеѓу листата со разговори, каде што и најмногу би привлекле внимание.

Овај концепт го помина тестирањето во Австралија и Тајланд и се покажа како успешен. Овај облик на рекламирање ќе биде воведен постепено во светот, па сите 1,2 милијарди корисници би требало на своите мобилни уреди да го видат до крајот на оваа година.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365