Фејсбук има политика која не дозволува голотија на нејзините страници
Фејсбук се извини за неодамнешната цензура на Венера на Вилендорф, мала статуа која се смета за ремек-дело на палеолитската уметност.
“Се извинуваме за оваа грешка и му дозволиме на корисникот да ја објави“, изјави портпаролката на Фејсбук.
Од Природонаучниот музеј во Виена, сопственик на статуата, биле изненадени кога дознале дека објавувањето на фотографијата Венера на Вилендорф, која на Фејсбук ја постави италијанскиот уметник Лура Џианда, заврши како предмет на цензура.
Статуата висока 11 сантиметри, изработена од варовник, која претставува гола жена со бујни облини, е откриена во почетокот на 20 век (1908г.) во селото Вилендорф, Австрија. Таа е праисториски приказ на жените и е позната по деталната и реалистична изработка, како и нејзината старост.
#VenusvonWillendorf Vielen Dank an Laura Ghianda,die uns jede Menge Publicity brachte!http://orf.at/#/stories/2428435/
Gepostet von NhM Naturhistorisches Museum Wien am Donnerstag, 1. März 2018
“Фејсбук има политика која не дозволува голотија на нејзините страници. Но, за оваа статуа, ќе направиме исклучок“, изјави портпаролката на Фејсбук.
Најпопуларната социјална мрежа е често критикувана заради цензурирање на уметнички дела. Неодамна, еден Французин го тужеше Фејсбук заради тоа што му беше затворен профилот на социјалната мрежа, поради објавување „недолични содржини“ – се работеше за сликата „L’Origine du monde“ (Потеклото на светот) на Гистав Курбе од 1866 година. Пресудата треба да биде објавена во средината на март.