Адвертајзинг кампањата на новиот млечен бренд на Кока-Кола, Fairlife, во која се претставени повеќе ситуации на жени прекриени со млеко, изминативе денови во САД, предизвикува жестоки реакции и обвинувања за сексизам.
Принтовите прикажуваат голи жени, прекриени со млеко застанати во повеќе сцени (забележуваме инспирирани од неколку историски филмски моменти) придружени со слогани како : “Drink what she’s wearing”, “Better milk looks good on you” и “Milk with flair”.
Од компанијата на овие обвинувања одговараат дека тоа било само тест кампања пуштена на неколку пробни пазари, додека главниот launch ќе биде во изменета форма во која ќе се понуди соодветен одговор на сите добиени забелешки.
Твитер е преплавен со коментари за кампањата на Farilife а се чини таму некаде во позадина некој од Кока-Кола си ги трие рацете што веќе половина свет дозна за новиот бренд без кампањата “официјално“ да биде стартувана :)