Home » Во фокусот » Факт или фикција? 5 совети како да ги избегнете лажните новости

Факт или фикција? 5 совети како да ги избегнете лажните новости

Кога една приказна е фикција може лесно да се осмислат ликови како Хамлет, Форест Гамп, па дури и Пепелашка…

Тука нараторот фикцијата во приказната ја темели на креирањето на ликови кои ќе се паметат. Но кога еден недоверлив наратор се обидува да доминира во светот кој не е фиктивен се случува постојано да се сретнуваме со лажни новости. Со ова, работата на ПР професионалците станува се` потешка и покомоплексна.

Во денешно време границите помеѓу фактите и фикцијата се чини дека стануваат доста нејасни. Од сатирични новости до издавачи кои работат по одредена агенда, како онаа со новостите од политиката , промовираат новости со цел да им се обраќаат на своите следбеници.

Оние со теории на заговор кои порано пишувале по ќошињата на онлајн форумите сега објавуваат свои подкастови и видеа на YouTube.

Читателите пак пребаруваат приказни кои се само дел од нивните гледишта и интереси, а во меѓувреме со самото тоа стануваат ’’ заробени ‘’во филтерот на дигиталните медиуми.
Лажните новости се шират брзо и вирално благодарејќи на корисниците на социјалните медиуми кои на ваквите новости им даваат уште поголемо значење со тоа што ги споделуваат.
Без да знаеме стануваме и самите заробени во мрежата на лажни новости кои лесно не би можеле даги препознаеме.

Кој е резултатот од ова?
Довербата во медиумите се повеќе се намалува во согласност со добиените податоци од последното истражување на GlobeScan кое открива дека 43% од граѓаните на Велика Британија сметаат дека медиумите несоодветно ги пренесуваат новостите и 64% сметаат дека во извештаите на медиумите често стои само едната страна на целата приказна.
Овие ставови на гледачите влијаат и врз ПР-от генерално.
Што може да направат ПР професионалците со цел да ја прикажат вистинската  страна на приказната во еден ваков свет на фиктивни информации?

Еве неколку совети:  

  1. Применувајте постојано мониторирање на социјалните медиуми. Менаџирањето на репутацијата на клиентите опфаќа константно набљудување на пост-вистинитиот свет. Оваа задача секако не е лесна, со оглед на волуменот на содржини кои постојано се продуцираат во печатените медиуми и веб порталите, социјалните медиуми и на платформите за емитување на новости. Користете медиумска агрегациска алатка која прибира податоци од повеќе медиуми со цел да добиете нова разбирлива перспектива за она што е напишано и кажано со цел истото да биде добро изменаџирано.
  2. Направете проверка. Мали едноставни чекори може дави помогнат да детерминирате дали една приказна е автентична, дали води кон заблуда или е комплетна измислица. Направете проверка на web URL-то за да го потврдите изворот на новоста. Многу е веројатно сајтови со лажни новости да нападнат и злоупотребат признати медиумски извори и тоа само со користење на друга придавка (домен) како.co или .info адреса. Најчесто потребно е кратко да се разгледа сајтот со цел да се верифицира легитимноста на организацијата .
  3. Погледнете подалеку од насловот кој има улога да ‘’лови поголем број на лајкови’’. Натпреварот за привлекување на вниманието на публиката во натрупаниот медимски пејзаж често води кон креирање на хиперболични наслови. Доколку еден наслов звучи премногу поканувачки добро е да се погледна малку подлабоко во неговата содржина. Алатка за мониторинг која ќе ви помогне да погледнете подлабоко за повеќе користени термини во самата содржина ќе ви помогне во филтрирањето на реалната содржина.
  4. Користете медиумска аналитика со цел да ја проверите насоката во која ‘’дува ветрот’’ . Проверката на споменувањата од изворот и проверката на зборови од интерес може да ви помогне да бидете поажурни и побудни за репутациските ризици кои можно е да ви престојат, а со тоа максимално да ги искористите бенефитите од проактивниот ПР.
  1. Реагирајте одговорно.
    Навремениот одговор на предизвиците може да му помогне на брендот, да го спречи гневниот потрошувач од ширење на лоши коментари и критики…
    Без разлика дали користите етичка карта или хумор во својот ПР одговор, изберете автентичен пристап со цел и вие да не бидете перцепирани како медиум кој шири фиктивни новости.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365