Централниот регистар досега во повеќе наврати успеал да издејствува поништување тендери на кои се јавил „Таргет груп“, а ги распишале државни институции за набавка на податоци. Државните институции експресно ги поништувале тендерите откако Централен регистар ќе извести дека „Таргет груп“ не смее да препродава нивни податоци, пренесува порталот „Фактор“.
Според Фактор.мк централниот регистар (ЦР), очекувајќи реакција од ОЈО, преземал мерки да ги заштити другите државни органи и институции, од според нив, злоупотребите на „Таргет груп“. Петта година го чекаат скопското обвинителство да преземе чекори по кривичната пријава од МВР поднесена во 2016 година. Конкретно, ЦР реагирал во случаи кога државни институции распишувале тендери на кои Таргет Груп ДОО се јавува како економски оператор кој ги нуди податоците кои исклучиво Централен регистар ги води во своите регистри.При тоа, без исклучок, државните институции реагирале така што по реакцијата на ЦР ги поништувале постапките за набавка на такви услуги на кои се јавувал „Таргет груп“.
Од друга страна, во објавениот демант, од „Таргет груп“ за „Фактор“ велат дека против нив не се води никаков судски процес и дека нивната работа е во целост во склад со македонските закони.
Целиот текст во врска со оваа тема прочитајте го на следниов линк од Фактор.мк