Празниците стигнаа, со нив и трговските центри се полни со луѓе кои купуваат подароци за своите најблиски. Секако, полни трговски центри значат и полни паркинзи, а тоа е и темата која Ауди ја искористи во својата исклучително забавна реклама, во која гледаме двајца татковци кои драматично се тркаат по паркингот, обидувајќи се да го пронајдат последното празно место, а трката продолжува и внатре во трговскиот центар кога ќе влезат во него.
Реклмата ја изработи агенцијата Venables Bell & Partners и во режија на Стив Роџерс. Можеме слободно да кажеме дека ова е една од најзабавните реклами оваа сезона, а драмата е дополнително зголемена со саундтракот од „Carol of the Bells“, кој дава одличен ритам на рекламата.
Моделите на Ауди во рекламата се 2018 RS 7 и RS 3 Audi Sport.