Домашната адвертајзинг продукција низ годините има свои ups и downs како и секоја друга професионална сцена или сегмент од нашето живеење. Како медиум кој сака да поддржи позитивни примери и позитивни практики на работа се трудиме постојано да ги “мотивираме” домашните брендови, клиенти, агенции и креативци дека “магијата” пренесена преку емоција присутна во некакво визуелно дело е патот кој не смеат да заборават да го чекорат опкружени со сите разно разни data-ориентед реклами кои се сетираат на “клик”.
Иако за нашата индустрија велиме дека можеби не е веќе премногу “секси”, неоспорен факт е дека таа изродила и допрва ќе раѓа еден куп паметни “деца” кои можат многу да дадат и тука и на светската креативна сцена. Се радуваме и кога ќе видиме некој убав концепт за домашна реклама, поретко тоа е фулл скоцкано домашно дело, а почесто микс од адаптации или сток-монтажи – но сепак нé освежува од “смогот и летаргијата”.
Компанијата Fashion Group Македонија и годинава нé почести со реклама која нé тера да застанеме и размислиме. Сосема соодветно на пред-празничниот период и влезот во Новата година. Одличната нарација врз музиката на Howard Harper-Barnes не води низ скоцкано сценарио кое се надополнува на длабоките зборови кажани гласно, совршено јасно.
Нека насловот на видеото “Вистинските работи доаѓаат во вистинскиот момент” биде предзнак за година во која повеќе ќе ги цениме работите што веќе ги имаме…но и година кога ќе започне ренесансата која долго ја чекаме.