Home » Во фокусот » Фати добар “ПРавец“ !

Фати добар “ПРавец“ !

(РЕГИОН) – Друштвото за односи со јавноста на Србија (ДСОЈ) на 13-ти и 14-ти ноември на Факултетот за драмски уметности во Белград је рганизира седмата меѓународна конференција под наслов “Фати добар ПРавец“.

PRilika 2015

Цел на овогодишната конференција ПРилика е да понуди единствени одговори на горките прашања од професијата, како успешно да се соочиме со промените и како да бидеме во чекор со трендовите.

На овогодинешната конференција, ДСОЈ ќе угости реномирани предавачи од Европа и регионот, а покрај останатите и водечките меѓународни комуникациски стручњаци какви што се Yogesha Joshia, претседателката на ABCI, проф. Jose Cordeira од универзитетот Singularity и Bernadeta Gutman од Уницеф Женева

На ПРилика учесниците ќе можат да слушнат и некои од успешните регионални и домашни стручњаци во областа на комуникациите како што е Daniel Koletic, CEO на Априори комуникации Хрватска, Gordana Bekic-Pjescic, советник во Канцеларијата за соработка со цивилното општество на Владата на република Србија; Rajkа Sebek, PR директорка во Електростопанство на Црна Гора, Dejan Randzic, директор на агенцијата DNA Communications и проф. др. Vesna Damjanovic од Факултетот за организациони науки.

Предвидено е во склоп на конференцијата да се одржат две предавања, осум студии на случај од Србија и регионот и две панел дискусии. Членовите на сродните здруженија од земјите од регионот (Хрватска, Словенија, БиХ) – плаќаат цена како и членовите на DSOJ , а на основа на Протоколот за регионална соработка, додека пак членовите на останатите пословни асоцијации во регионот добиваат одобрен попуст на котизацијата, во висина од 10%.

ПРилика е меѓународна годишна конференција посветена на комуникациите и односите со јавноста. Конференцијата ја организира Друштвото за односи со јавноста на Србија, со помош на партнери, спонзори, членови и други колеги и на тој начин дава свој придонес кон развојот на ПРофесијата во Србија.

Во текот на изминатите шест години, на конференцијата ПРилика учествувале скоро 2000 посетители, предавачи и спонзори, кои заедно оваа конференција ја направија врвна прилика за квалитетен дијалог, размена на регионални искуства и унапредување на стандардите на професијата.

Повеќе информации за конференцијата и предавачите можете да погледнете на www.pr.org.rs

DSOJ infografik za Priliku2015

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365