Home » Во фокусот » Фејсбук размислува за воведување на модел за претплата на вести од издавачите

Фејсбук размислува за воведување на модел за претплата на вести од издавачите

Фејсбук планира да воведе претплата на својата Instant Articles опција во месец октомври, што би можело да биде навистина добра вест за издавачите на медиуми.

Говорејќи на самитот за иновации во дигиталното издаваштво (Digital Publishing Innovation Summit), директорката за информативни партнерства во Фејсбук, Campbell Brown  изјави дека платформата ја размислува опцијата како би ги задоволила новинските и дигиталните издавачи.

Планот е да се насочуваат читателите на почетната страница на издавачите, како тие би можеле да се претплатат кога ќе се појави т.н. paywall, кој ќе бара од читателите да станат претплатници откако ќе прочитаат 10 статии.

“Сеуште сме во рани разговори со неколку издавачи во врска со тоа како би можеле подобро да ги подржиме бизнис моделите за претплата преку Фејсбук“ – рече Brown. “Во склоп на Facebook Journalism Project многу блиску соработуваме со нашите медиумски партнери за подобро да ги разбереме нивните потреби“.

Оваа најава доаѓа после информациите за формирањето на The News Media Alliance , професионалното здружение во кое ќе членуваат преку 2,000 медиумски издавачи и кое ќе има за цел да лобира во американскиот конгрес за ограничено ослободување од антимонополските правила.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365