Музејот на историја и уметност во Женева соопшти дека Фејсбук забранил фотографии на делумно разголени статуи на Венера и акт на маж на колена кои тие имале намера да ги објават на својата страница.
Музејот впрочем и на својата Твитер страница објави дека изложбата „Цезар и Рона” ќе биде отворена в петок и ќе трае три месеци приложувајќи ги споменатите фотографии. Но, тука се нагласува и дека „Фејсбук во тоа ги спречил, поради голотијата на сликите”.
3а секој случај, Музејот ги објавил фотографиите на Твитер во петокот со натписите „цензурирано“ на француски преку интимните делови на статуите, додавајќи: „Можеби е време оваа социјална мрежа да ја промени својата политика за музеите и културните институции?“