Како што и претходно беше најавено, Facebook започна да ги тестира видео рекламите кои ќе се прикажуваат помеѓу останатите постови во news feed-от. Имено, новите видео реклами ќе стартуваат автоматски додека се прелистува фидот за вести, без звук се додека не кликнете на видеото.
Од компанијата се надеваат дека овој новитет ќе им овозможи да добијат дел од 67-те милијарди долари, колку што компаниите оваа година имаат потрошено на телевизиските реклами во САД.
Ова е прв посериозен напад на ФБ кон ТВ станиците !
Прва видео реклама која се врти на ФБ е најавата за филмот Divergent. Видео рекламите се разервирани за поголемите огласувачи кои ќе треба да платат помеѓу еден и два милиони долари за 15-секунди.
Ова форма на огласување се проценува дека до 2020 година, на Фејсбук ќе им донесе околу 6,5 милијарди американски долари.
Погледнете: