Home » Во фокусот » Феноменална интерактивна реклама на Хонда

Феноменална интерактивна реклама на Хонда

Каков вид на личности возат Хонда? Се чини сите !

Новата интерактивна реклама на Хонда, “The Other Side“ раскажува приказна со двојно сценарио, а двете приказни, кои се поклопуваат со секунда, можете да ги гледате паралелно со притискање на копчето „R“ на вашата тастатура додека ја гледате рекламата на специјално дизајнираната landing страна на YouTube.

the other side

Рекламата воедно изобилува со скриени детали, па така може да се забележи дека регистарските ознаки на автомобилите се POW3-ROF и DR34-MS (Power of dreams), што е слоганот под кој е претставен новиот модел на “Хонда“

Доживејте го и Вие ова неверојатно интерактивно искуство и погледнете ја новата реклама на “Хонда” на следниов ЛИНК.

Пуштете го видеото на цел екран и не заборавајте да стискате R додека гледате !

 

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365