(19.08.2020) – Најбогатото италијанско семејство, кое е сопственик на компнијата Фереро Груп, која ги потпишува брендови како Ferrero Rocher, Nutella и Kinder, одлучи да се насочи и кон производство на бисквити, покрај нивната главна дејност поврзана со чоколадни производи.
Според Блумберг, оваа зделка вреди околу три милијарди долари.
Синот на Мајкл Фереро, Џовани, кој истовремено е и претседател на Групацијата Фереро, го презеде овај чекор уште минатата година, преку купување на данскиот производител на бисквити Келсен Груп за 300 милиони долари.
Овој потег на Фереро е уште еден во низата примери на богаташи кои го диверзифицираат ризикот преку инвестиции во различни сегменти.